Љубовта на Талат и Фитнат (1872) се смета за прв турски роман кој се стекнал со популарност. Тој е приказна за несреќната љубов помеѓу Талат и Фитнат, двајца сираци кои се вљубуваат еден во друг и живеат со надеж дека повторно ќе се сретнат, но одлуката на постарите го навестува кобниот крај на нивната неостварена љубов. Шемседин Сами е еден од првите турски романописци и новинари и прв енциклопедист во турската историја. Неговиот турско-турски речник Kamus-ı Turki (1901) се смета за клучно дело во развојот на турскиот јазик. Ја составил и првата албанска азбука (1879) и ја напишал Албанската граматика (1886).
Љубовта на Талат и Фитнат
ден240,00Price
Автор
Шемседин Сами
Наслов на оргиналот
Taaşuk-u Talat ve Fitnat
Стр.
185
Димензии
21x13
Јазик
Македонски
ИСБН
978-608-655-21-90

