top of page

Ахмет Митхат Ефенди (1844-1912) бил еден од најплодните писатели на турската книжевност од 19 в. Автор е на околу 150 дела од кои најголем дел се романи и раскази. Се смета за прв популарен писател кој има одиграно  големо влијание во воведувањето на романот како литературен вид во турската книжевност. Бил познат новинар и полимат, објавил написи и преводи од областа на математиката, физиката, хемијата, географијата, економијата, филозофијата, правото и образованието. 
Романот ја обработува темата на борбата меѓу доброто и злото. Младиот јунак Мустафа Џивелекот ранет од двајца јаничари во една тврдина, го пронаоѓаат мајката Хусна и ќерката Шехлевенд и го спасуваат носејќи го дома. Приказната почнува во Истанбул и продолжува во Алжир каде Мустафа повторно се сретнува со Шехлевенд, која поради немаштија се продала на еден трговец со робје во Алжир. На двајцата им се придружува Алжирецот Хусеин Фелах и сите заедно се обидуваат да уништат една разбојничка дружина. Делото изобилува со заплети, а во центарот на љубовната приказна е младата, пркосна и убава јунакиња Шехлевент.

Хусеин Фелах

ден400,00Price
Quantity
  • Автор

    Ахмет Митхат Ефенди

  • Јазик

    Македонски

  • ИСБН

    9786084794943

Алманах © 2025 | Авторските права се задржани

  • LinkedIn
  • Facebook

Ул. Петко Jанчевски 35А, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

bottom of page