top of page

Семејството во османлиското општество од реномираниот турски историчар и почесен член на МАНУ, Илбер Ортајли, е исклучително дело од областа на историјата на правото на османлиската држава, во кое тој прецизно ја отсликува структурата на севкупниот правен и социјален живот на семејството како основна клетка на некогашното османлиско општество.

    Во ова дело можеме да ги следиме сите специфичности, разлики и сличности на семејствата од различни заедници. Така, дознаваме како живееле Арапите, маронитите или мелкитите од Блискиот Исток, како сунитските граѓани или алевитските турски селани од Анадолија и како се одвивал семејниот живот кај православците во Румелија, која административно ја покривала територијата на географска Македонија. 

    Делото дава приказ и на венчалните обреди и некои аспекти од функционирањето на институцијата на бракот, како и одговори на прашањата зошто полигамијата не пуштила корени кај османлиските муслимани, на кој начин се воспитувале и школувале децата и со какви церемонии била одбележувана умирачката? 

    По книгата Повторно откривање на Османлиите од  истиот автор, во издание на издавачката куќа „Алманах“, ова дело е уште едно драгоцено четиво, не само за проучувачите на овој социјално-правен сегмент од историјата на османлиската држава, туку и  за сите што сакаат да се информираат за една интересна, но речиси непозната тема од минатото, која во македонската историографија досега комплексно не е обработувана. 

Семејството во османлиското општество

ден330,00Price
Quantity
  • Автор

    Илбер Ортајли

  • Наслов на оргиналот

    Osmanlı Toplumunda Aile

     

  • Стр.

    272

  • Димензии

    21x13,5

  • Јазик

    Македонски

     

  • ИСБН

    978-608-4794-01-1

Алманах © 2025 | Авторските права се задржани

  • LinkedIn
  • Facebook

Ул. Петко Jанчевски 35А, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

bottom of page