Тој е доктористражувач, таа − исцелител. Тој е Франкоамериканец, таа − половина Ирка. Во 1885 г. кога подмолно зло им се заканува на жителите на Монтреал, двајцата се наоѓаат на спротивставени страни. Убиецот − страшната вариола, работи скришум и ги изобличува жртвите. Епидемијата ќе се шири како пожар. Соодветна кампања за вакцинација би можела да ја спречи, но во игра влегуваат еко- номските интереси, а градските власти се резервирани. Грешки и лоша среќа, мешаница од незнаење, фатализам и преголема недоверба, го туркаат Монтреал кон бездна. Сведоци сме на вистински танц на смртта затскриен зад етничкото ривалство. Главни жртви ќе бидат децата од француско потекло. Настаните се надополнуваат, се судираат. Довчерашните сојузници може да станат најлоши непријатели... и обратно. Во срцето на злото се раѓа страсна љубовна врска меѓу две суштества кои уште од почетокот ги дели сé. Како да се одржи една ваква љубов во време кога се заканува црвената смрт? Оган на кожата на епски и на емотивен начин, ја отсликува истовремено медицинската, социјалната и политичката криза на тоа време.
Оган на кожата
Автор
Пол Русо
Јазик
Македонски
ИСБН
9786086568870

