Во античка Грција судбината на човекот ја одредувале боговите. Во денешниот гло- бализиран свет божествата се заменети со моќни но невидливи индивидуалци. Нашиот „маѓепсан Одисеј“, човек што по една несреќа доживеана на Бали ги губи мемо- ријата и идентитетот, е испратен на долго патешествие до дома (патување назад кон себе) низ серија задачи кои треба да ги исполни во различни земји. Нив му ги пренесува еден австралиски невролог, кој го убедува дека задачите, кои вклучуваат и убиства, се дел од неговата терапија. Но ништо не е онака како што изгледа. Нашиот херој, кој ја раскажува својата приказна преку серија електронски пораки што им ги праќа на различни луѓе, или реални или измислени, со намера да го забележи своето патешествие чии детали постојано ги заборава, всушност, е современиот секој, изгубен во светот, кој исто така ја изгубил својата меморија и со тоа и смислата на постоењето. Нарацијата на романот го впива и го вовлекува читателот преку моќта на неверојатните авантури сѐ до крајот на делото, кој не ја решава мистеријата, туку само ја продлабочува. Каде на светов се наоѓа Итака? Дали воопшто постои?
Маѓепсаниот Одисеј
Автор
Евалд Флисар
Јазик
Македонски
ИСБН
9786084794998

