top of page

„Истанбулската самовила“ е приказна која со своите дворци, кули, морски сирени, историски и легендарни ликови претставува едно волшебно патешествие во светот на извонредните убавини на градот Истанбул, но таа воедно е и едукативна книга за младите која изобилува со податоци за древната престолнина.
Авторката Бетул Авунч е родена 1961 г. во Истанбул. Дипломирала на Катедрата за класична археологија на Истанбулскиот универзитет и магистрирала на Истанбулскиот технички универзитет на Катедрата за уметност. Авунч има објавено бројни написи, репортажи и интервјуа од областа на археологијата, митологијата, уметноста и туристичките патувања во разни весници и списанија во Турција. Со серијата романи за деца таа им го претставува културноисториското наследство на Анадолија на младите генерации, со што придонесува за популаризирање на археологијата и митологијата меѓу помладата генерација читатели. 

Истанбулската Самовила

ден300,00Price
Quantity
  • Автор

    Бетул Авунч

  • Јазик

    Македонски

  • ИСБН

    9786084794424

Алманах © 2025 | Авторските права се задржани

  • LinkedIn
  • Facebook

Ул. Петко Jанчевски 35А, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

bottom of page