
Душан Савиќ
Душан Савиќ е роден 1952 г. во Бања Лука. Романот Виенско тркало го објавува во 2009 г. прво на српски, а подоцна и на германски јазик. Неговиот следен роман Порајмос (2013) влегува во најтесниот избор за српската книжевна награда „Мирослав Дерета“.
Поезијата и прозата на Савиќ е објавувана во домашни книжевни списанија и во повеќе антологии на германски јазик. Неговиот најнов роман, Меѓу живите, чека објавување.
Душан Савиќ е член е на Друштвото на писателите на Војводина и на австрискиот ПЕН-центар. Долги години се занимавал и со седмата уметност и бил постојан соработник на режисерот Лордан Зафрановиќ. По распадот на Југославија на почетокот на деведесеттите, заминува за Виена, каде работи како стручен наставник и педагог во советувалиштето за странци и во Народниот универзитет. Денес живее и твори во Виена и Сомбор.
